речник контакт

Футсал екипата на КМФ Кеги моби во полуфиналето на Купот

Петар Лефков за екипата на КМФ Кеги Моби постигнал шест од осумтте гола

Петар Печков

Екипата на КМФ Кеги моби се пласираше во полуфиналето од Куп натпреварите на Македонија, откако синоќа во Скопје ја совлада домашната КМФ Бутел со 6:8 (2:4). Домаќините повеле со 1:0, па велешани прават пресврт и поведуваат 1:2, домашните израмнуваат на 2:2 за првите 20 минути да завршат со водство на футсал екипата на КМФ Кеги моби со 2:4.

Почетокот на вторите 20 минути силовит со два гола велешани зголемуваат на 2:6, а ова водство домаќинот го анулира 6:6. Во финишот со два гола КМФ Кеги моби стигнува до победата и влез во ½.

За одбележување е што Петар Лефков за екипата на КМФ Кеги Моби постигнал шест од осумтте гола. 

Таму се екипите на ФК Проект., КМФ Јувентус Серава и КМФ Клими. Жребот ќе биде дополнително извршен.

Овие две екипи КМФ Бутел и КМФ Кеги моби во понеделник играат натпревар од 12 коло на,Првата футсал лига.  И таа средба ср игра во Скопје 

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »