речник контакт

Хабитат Македонија нуди станови во населбата Хабитат

На располагање се два нови стана со површина од 68 м2 во нов, целосно изграден објект

Петар Печков

Хабитат Македонија повикува заинтересирани семејства да се пријават за вклучување во Програмата за нoвоградби во Велес.
Оваа покана се однесува на избор на две  семејства. Програмата има на располагање два нови станови со површина од 68 м2 во нов, целосно изграден објект во населбата Хабитат во Велес, со адреса на ул. Невена Георгиева Дуња бр. 8А.

Рокот за доставување на документите е најдоцна до 10 октомври 2023 година до 15:00 часот.
Здружението за хумано домување Хабитат Македонија е организација чија основна цел е елиминирање на супстандардното домување во Македонија преку обезбедување едноставни, пристојни и достапни домови за семејства со ниски приходи.

Активностите на Хабитат Македонија вклучуваат изградба, финансирање, застапување, јакнење на капацитетите на целната група и развој на заедниците.

детални информации тука

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »