речник контакт

Хаваријата на водовoдната цевка кaј Панини е поради градежни работи од поставување на билборди, кажа директорот на ЈКП Дервен Наунчев

Дефектите кои се случуваа на улица Благој Ѓорев кај Панини неколку наврати изминатите години биле поради нивелацијата на земјата создадена од пренаменетите гаражи во дуќани

Петар Печков

Хаваријата  на водоводната мрежа која во саботата на 30 март попладне  настана погоре од Панини, на улица Благој Ѓорев,  е предизвикана од фирмата која поставува билборди во Велес.

Ова го изјави директорот на ЈКП Дервен Горан Наунчев на седницата на Советот, на која имаше прашања од советниците, како дојде до овој дефект.

„Фирмата која поставува билборди работела на оваа локација, го предизвикала дефектот и таа ќе ја плати штеатата. Наша комисија за штети беше веднаш на терен да изврши проценка.  Дефектот се случил во 17 ч. а е остранет во 4 часот ноќта. Нашите вработени беа постојано таму ангажирани. Проверуваме каква е состојбата со проток, кој беше константен 6, 37 значи не е резултат на  наша човечка грешка. Кога се правел цевководот на ул. Благој Ѓорев, не е планирано дека од гаражи ќе се пренаменуваат во дуќани. Пред секој дуќан се правеле скали, се копало, и на водовдната цевка има нивелација, поради што доаѓат дефектите. Службите на ЈКП Дервен, по констатирањето на овој проблем, кој се влече со години, го исклучивме водовдот од кружниот тек кај Авона до зградата на Панини,  и се префрла на  ул. Лазо Осмаков.  Тој дел повеќе ќе нема вода и затоа го уредуваме хортикултурно. Овие дефетки, настанувале со години, наследив и штети, но го решивме.  Водоводот од Панини до крстосницата кај Гимназија останува, тука нема да може да  се случи дефект оти нема поместување на земјата.   Пред некоја година, при ваков дефект, службите на ЈКП Дервен не излегле на терен,  па сега  плаќаме шетета од 1,2 милиони денари за јорогани и не знам за што уште не. Во друга пригода, пак при ваков дефект, комисијата излегува на терен, и констатира колкава е штетата, истата е три пати помала од оваа од 1,2 милиони. Ете колку ја чини фирмата заедно неизлегување на комисија на терен, но и дека вакви дефекти се случувале и во минатото. Службите на ЈКП Дервен беа на терен  и при поставауњето на билбордите изминатиот период. Видете под кружниот тек, дупка ископана и стопиран е работата. Алармирано е дека  под неа има цевковод, со црвена линија е обележано каде оди цевководот, каде може да ставаат.“ – одговори Наунчев. 

 фото ФБ/ ЈКП Дервен

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »