Петар Печков
Објавено: сабота, 27 јули 2013
Утрово во 7,10 часот на Железничката станица во Велес патник скокнал од возот кој веќе тргнувал. Според патниците тој се успал тоа се случило во возот кој сообраќал на релацијата Скопје – Гевгелија и по 50-тина метри откако возот тргнал, скокнал. При ова минал со полесни повреди на раката. Железничарите кои потоа му укажале помош велат дека патникот бил во алкохолизирана состојба.
Истовремено тројца патници кои исто биле во алкохолизирана состојба во овој воз го нарушувале јавниот ред и мир, поради што морала да интервенира и полицијата. Против нив таа ќе поднесе и прекршочни пријави.
Пред еден месец двајца патници скокна од возот каде по грешка се качиле. Од здобиените повреди едниот подоцна почина.
Tweet |