Петар Печков
Објавено: понеделник, 20 февруари 2023
Еден од апликаните за средства од Министерството за култура, за годишната програма, детскиот хор „Св. Кирил и Методиј“ со реакција за распределените средства. Хорот аплицирал за настап на хорски фестивал во Шпанија, во близина на градот Аликанте, но не добил средства.
На фестивалот може да учествуваат само пет хора, а организаторот има обезбедено сместување и храна за гостите, ниту се плаќа котизација за учество. Единствена обврска е да се стигне до Шпанија.
„Пет години наназад аплицирам за смешна сума на средства во Министерство за (не)култура, за три концерти со детскиот хор Св. Кирил и Методиј“ во нашата ни држава и никако да бидеме во избор на комисиите кои ги селектираат апликациите. Многу сум зачудена, затоа што години наназад на покана од колеги сум гостин на нивните концерти и фестивали, па и целовечерни концерти во организација на домови за култура, а за наши самостојни не сме заслужни. Има одобрено средства многу повеќе од тоа што побарав за овој хор. Малку се детски хорови во земјава, треба ли да ги пуштиме децата по улица или ни се потребни како држава развивање на културни вредности - кажа Веселинка Маџарова, диригент на детскиот хор Св. Кирил и Методиј, која по вокација е дипломирана певица.
По одбивањето на Министерството за култура да покрие дел од трошоците за настапот на хорот во Шпанија, Маџарова се обидува преку спонзорства да обезбеди средства за да заминат и настапат на овој фестивал.
Tweet |