речник контакт

Хорот „Св. Кирил и Методиј“ награден за трето место на меѓународен натпревар во Шпанија

Учеството на Фестивалот е по извршена селекција

Петар Печков

Велешкиот хор СВ. Кирил и Методиј на меѓународниот младински  хорски фестивал во Шпанија, во Тореавреха. Андалузија, го освои третото место.

Ова е голем успех за младите девојки од хорот, кои постои десетина години. Освоената награда е значајна бидејќи на Фестивалот се учествува по извршена селекција.

 „За да се биде учесник, апликантот треба да испрати снимка со хорска изведба. Годинава стигнале 30 пријави а жирито се одлучило за пет. Настапивме со една задолжителна од организаторот, две хабанери и една по наш избор. Јас се одлучив за македонски автор. Третото место е уште еден доказ за нашата посветеност но и трудот кој го вложуваме заедно девојките и јас“ - вели Веселинка Маџарова, диригент на хорот, по вокација дипломирана опрска певица.    

Годинава меѓународниот младински избор на хабанера се одржа по 28 пат.  Од пред неколку месеци хорот не е во рамките на црквата туку е регистриран  како  здружение на граѓани.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »