речник контакт

Хуманитарен концерт, салата Бели Мугри демолирана

Полицијата го расветли случајот, локалната власт ќе решава дали ќе бара обештетување

Петар Печков

 На 29-ти јануари во вечерните часови во салата ,,Бели Мугри,, се одржа хуманитарен концерт во организација на подмладокот на општинскиот Црвен крст од Велес. Собраните средства биле наменети за  помош на дванаесетгодишно дете од селото Мелница, кое има оштетен вид а неговите родители се социјално загрозени со ниски примања. 

Но во еден момент од концертот, кога на сцената имало настап кои гостите ги погодил в срце, некои од присутните младинци, во еуфорија, како во кафеана се искачиле на седиштата и почнале да скокаат и ги уништуваат. При ова според локалната самоуправа се оштетени 25 фотелји, кои мора да се менуваат, како и една табла.

Тие се зачудени, како при присуство на наставници, кои биле тука, дозволиле да се уништува општинскиот имот, чија штета допрва ќе се констатира. Инцидентот е пријавен во велешката полиција, која потврди дека работела на него. Ги открила сторителите и нивните податоци ќе ги достави до надлежните од Општина Велес и тие да одлучат дали ќе ги гонат прекршочно за надомест за сторена штета. 

 И од Црвениот Крст  од Велес се разочарани што една мала група несоваесни млади, го расипала впечатокот, концертот и желбата за помош на 12 годишно дете со оштетен вид.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »