Петар Печков
Објавено: понеделник, 16 октомври 2023
Хуманитарен концерт на Велешките Гимназијалци во спомен на Тоше Проески, се одржа на летната сцена на Младински парк.
На почетокот учениците изведоа перформанс со моменти од животот на трагично починатиот Проески, на денешен ден пред 17 години.
Потоа се изведоа песни од Тоше, кои ги пееја Ива Ракиџиева и Филип Настов, придружувано од состав на ученици до Гимназијата и од Музичкото училиште Стефан Гајдов.
Концертот имаше хуманитарен карактер. од страна на волонтерите на ОО на Црвен крст Велес, беше поставена кутија, во која се донираа парични средства, кои ќе имаат намена која ќе ја одредат од ОО Црен крст.
Настанот беше организиран и одржан со помош од професорите Магдалена Сарагинов Јулијана Михова, Атанас Зафиров.
Tweet |