Петар Печков
Објавено: четврток, 17 септември 2015
Средношколската заедница при Хемиското училиште „Димитрија Чуповски“ како дел од проектот „Организирање, информирање и заштита на правата на седношколците во Македонија“ во партнерство со Младинскиот образовен форум одржа хуманитарна акција. Со овој настан средношколците ги промовираа хуманите вредности преку изработка на бели пецива и слатки во нивната работилница.
Вкусните производи изработени од рацете на средношколците од насоката прехранбен техничар, во пекарската работилница на училиштето, беа наменети за нивните сооученици, професори, родители. Тие преку донирање на симболични средства собраа средства кои се наменети онаму каде што се најпотребни. Хуманата акција на два штанда во ОСУ „Димитрија Чуповски“ траеше до 19 часот.
Самиот настан произлезе од тренинзите со претседателите на класовите од средношколската заедница во текот на изминатата година.Изработката на слатките и солени работи беше дел од практичниот дел на учениците од прехранбената насока.
Проектот се спроведува во 8 градови, освен во Велес и во Скопје, Тетово, Неготино, Струга, Битола, Гостивар и Кичево, а ова е трета година на успешната соработка помеѓу МОФ и ОСУ „Димитрија Чуповски“ од Велес.
Tweet |