Петар Печков
Објавено: петок, 26 јануари 2024
Волонтерите на Општинската организација на Црен крст Велес ги поделија хуманитарните пакети со храна, кои беа обезбедени на „Новогодинешниот базар“ во Младинскиот парк.
„Хуманитарни пакети со храна се поделија на лица и семејства во Велес и околината кои живеат со ниски примања. Поделени се 18 пакети со основни прехранбени производи.
Хуманитарната помош е донација од граѓаните на Велес“ - соопшти Орце Николов секретар на ОО Црен крст Велес.
.
Средствата се донираа на хуманитарниот штанд кој беше поставен за време на одржувањето на „Новогодинешниот базар“ во Младинскиот парк.
Tweet |