речник контакт

Хуманитарно во две акции, поделени илјада Божикни ручеци (фото)

Празничен ручек поделија, за прв пат Лучијано Чорев и традиционално Трајче Мешков и гостилница Боем

Петар Печков

За Бадник во центарот на Велес, во две одделни хуманитарни акции,  се поделија илјада бесплатни ручеци. Во 11,30 пред споменикот на Рацин, храна поделени Лучијано Чорев. Тој за прв пат се реши на овој чин, да помогне на луѓето кои овие празнични денови имаат потреба од храна.

„Сум помогал на различни начини досега, годинава се решив да поделам бесплатен ручек, гравче и риба, со лепче. Чинот, целта  и идејата е една, да се продолжи по патот на Севишниот, да се помогне кој колку може на тие што им треба“ кажа Чорев, кој иако доста млад, се одлучи на помош за сограѓаните. Тој подели 250 оброци.

Нешто подоцна од 12ч. пред Гостилницата Боем се поделија 750 оброци Бадников ручек. Трајче Мешков со помагателите подготви 750 оброци на ориз со риба и леб. Тие беа поделни на сите сограѓани кои овие денови имаат потреба од празничен ручек. Во распределбата на храната помош имаше од волонтерите на Општинската организација на Црвен крст Велес.

АНКЕТА »

Дали намалените цени со новогодишната потрошувачка кошничка се помош за домашниот буџет

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »