речник контакт

Хуманитарно – рекреативна манифестација за децата од Велес

Собраните средства за малата Тамара потребни за операција

Петар Печков

Со хуманитарна  манифестација и трка низ улиците на градот се одбележа 15-тиот роденден на Друштвото на родители  за грижа за здраво поколение од Велес. Во Младинскиот парк  12 граѓански здруженија понудија свои производи кои се продаваа по симболични цени а ученици од градот трчаа на патеката долга 1 км.

  По осми пат традиционално  ја одржува манифестацијата ,,Да трчаме здраво е,,.  Сакаме на овој начин да ја подигнеме свеста  и да ги  научиме младите дека спортувањето е  потребно и неопходно.  Собраните средства  од хуманитарната акција ги наменивме за младата Тамара на која и се потребни за операција -  Иванка Андова  претседател на Друштвото.

По само половина час, сите изложени продуктите беа продадени а убавото време привлече голем број велешани. Најмногу  гужва имаше на штандовите од жените пензионерки и  жените инвалидски пензионери.

  Бабите се секогаш тука кога е потребно да помогнеме. Ќе одделиме од нас, за некој на кој што му треба. Се знае дека благата на баба секогаш се најубави и најбарани, бидејќи со љубов и од срце  ги подготвуваме кон нашите најсакани – велат велешките пензионерки.

На манифестација  за прв пат во јавноста дојде и новиот градоначалник Славчо Чадиев, заедно со семејството. Тие заедно купија  по нешто од сите штандови и така ја поддржаа манифестацијата.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »