Петар Печков
Објавено: петок, 26 април 2013
Велес им оддава почит на Солунските атентатори, во јавноста познати како Гемиџии. Во селото Ораовец каде почива најмладиот атентатор Милан Арсов се положи цвеќе на неговиот гроб со што започна одбележувањето на 110 годишнината од овој настан. По тој повод се постави и нова мермерна плоча кај споменикот на Гемиџиите, оти претходната беше мета на вандали кои постојано ги крадеа металните букви од неа.
Милан Арсов кој останал жив по Солунските атентати беше осуден на смрт, потоа му беше пресудата преиначена во доживотен затвор. По младотурската револуција сите затвореници со амнестијата беа пуштени. Но тој не издржа и почина во Либија каде беше затвор. Затоа пак неговите колеги Миле Бошњаков и Павел Шатев му ја исполнија желбата да почива во Македонија. Во ќуп со улје му ја пренеле главата во родното село Ораовец каде тој е погребан - рече Слободан Ников раководител не ПЕ на Архивот за Велес. При посетата на Ораовец беше положено цвеќе и на гробот на војводата Јован наумов Алабакот.
Централана прослава на оваа јубилејна годишнина е вечерва во 20 часот пред споменикот не Гемиџиите. Солунските атентати беа серија бомбашки напади во Солун извршени од 28 април до 1 мај 1903 година, од страна на Гемиџиите, револуционерна група, најмногу млади велешани, студенти во Солун. Целта на овие напади е да се нападне европскиот капитал во Османлиската Империја за да се привлече вниманието на големите сили за македонското прашање.
При овие напади дигнат во воздух беа брод, дел од железничката пруга Солун – Истанбул, Отоманската Банка, театар, уништени се гасоводниот систем и водоводната мрежа на Солун, при што немало ниту една жртва, освен дел од атентаторите.
Tweet |