Петар Печков
Објавено: петок, 31 јануари 2020
Центарот за Јавно здравје Велес е подготвен за предизвикот од новиот вирус ,,корона,,. Ова им го кажа епидемиологот д-р Билјана Трајкова, на велешките советници, кои покажаа интерес, колку оваа здравствена институција е подготвена за овој вирус, досега непознат за докторите.
Ние сме организирани, нема да се плашиме, нема некој да не сака да работи оти ги страело. Сме работеле со недокажани вируси, така и сега - рече прим. др .епидемиолог Билјана Трајкова од Центарот за Јавно здравје Велес.
Во понеделникот во ЦЈЗ Велес стигнало задолжение, по што започнало внатрешно да се организираат, и за почеток биле направени тимови.
Во тој дел сме ограничени, пет единици сме на Центри за Јавно здравје во најголемата територија на Македонија а немаме толку епидемиолози, само три. Направени се шест тима, учествуваат и колеги од други специјалности. Во Велес тимот се состои од тројца, и тој ќе биде најактивен. Се работи за контагиозно и ново заболување. На Балканот не сме се сретнале со корона вирусот, но имаме искуства со птичјиот грип, свинскиот грип, сарс. Минавме многу вакви состојби со нови заболувања, може како и сарсот и корона вирусот ќе не одмине - дополни епидемиологот д-р Трајкова.
Светските новински агенции пренесуваат дека сите 99 пациенти што завршија во болницата во Вухан, Кина, имале пневмонија. Нивните бели дробови биле воспалени, а алвеолите (мали шупливи чаури во белите дробови кои овозможуваат внесување на кислород во крвта) им се полнеле со вода.
Симптоми се: 82 имале висока температура; 81 имале кашлица; 31 имале губење на здив. Претпоставките засега се дека извор на инфекцијата е пазарот за риба и морски плодови во Хуанан. Речиси половина од пациентите во болницата во Вухан имале директен контакт со пазарот. 47 работеле таму, како пазарџии или раководни лица, 2 биле купувачи. Најголемиот дел од 99-те пациенти во болницата во Вухан се во средни години, од 56 до 67-годишна возраст.Повеќето се мажи.
Најголемиот дел од 99-те пациенти згрижени во болницата во Вухан имале и други болести кои можеби влијаеле да бидат поранливи на вирусот:40 имале слабо срце, оштетени крвни садови или преживеале инфаркт или мозочен удар; други 12 пациенти имале дијабетес.
Tweet |