Петар Печков
Објавено: четврток, 04 август 2016
Момче од велешко спасило жива глава, откако цистерна го удрила и влечела по пат а возачот избегал. Ова се случило пред десетина дена, но возачот кој ја предизвика сообраќајка и по толку време, се уште не пронајден.
Александар Алексовски 27 годишен жител на селото Дорфулија ги лечи повредите, но и бара да биде откриен сторителот. Сообраќајката се случила на 25 јули, околу 18 ч. на магистралниот пат Велес – Штип, кај велешката депонија, на излезот од Велес. Тој возел кон дома со со автомобил марка ,,опер астра,, со светиниколски регистарски таблички.
Кај ѓубриште одненадеж цистерна со нејзиниот заден дел , поради дождливото време се излизга по должина на сите три коловозни летни. Јас бев на последната и ме собра и мене. Ме влечеше 15-тина метри пред да ме исфрли од патот. Додека се собрав што ми се случува, цистерната си замина. Како да не било ништо продолжи удолу. Полицијата дојде за 10 минути, но како досега не е пројаден сторителот. Само среќа ме спаси од најлошото, оти автомобилот таму каде седи возачот е уништен – вели Александар.
Тој се здобил повреди, од кои сега се лекува. Но и по толку време нема абер кој беше возачот на цистерната која ја стори оваа сообраќајна несреќа. Алексовски објаснува дека од сите патишта кои се во близина дали на наплатните рампи, дали на бензинските пупи може да се прегледаат снимките и види цистерна која била бела поминала во тој период и да се открие виновникот. Од МВР кратко изјавија, дека работат на расчистување на овој случај.
Tweet |