речник контакт

Црн Камен мит или стварност

Месноста Црн Камен е во близина на Велес и таа е на картите на сите кои ја истражуваат Македонија, според нејзиното вакавско значење.

Петар Печков

Месноста Црн Камен е во близина на Велес и таа е на картите на сите кои ја истражуваат Македонија, според нејзиното вакавско значење. Водопадот кој е висок педесетина метри, според верувањата има исцелителна моќ.  Десет години наназад скопјаните Снежана и Зоран доаѓаат на месноста Црн камен, во знак на благодарност што добија дете. Денес осумгодишниот Димитар заедно со нив минуваше под големиот воден слап. Според народните верувања тука се доаѓа за здравје и ксмет.

- Подолго време бевме во брак но немавме среќа да добиеме дете. Случајно дознавме дека ова место има исцелителска моќ и дојдовме, минавме под водопадот. Наредната година добивме син, кој сега секоја година за здравје мине под водата со нас-вели Снежана. Во знак на благодарност тие на детето му го дале името Димитар, по манастирот Св.Димитрија кој е во близина на месноста и кој според народното верување треба да се посети за да се исполнат желбите. Месноста Црн камен се посетува првиот петок после Велигден и во наредните 40 дена се до Спасовден. Тука доаѓаат луѓе од цела Македонија, кој како разбрал за неговата моќ, тука иде да побара спас. Дедото Трајче Мирчевски во овој период е постојано тука за да се најде при рака и помогне.

- Се доаѓа за здравје. Кога се иде првиот пат се мине три пати под водата потоа се зема камен кој се чува до наредната година, кога повторно се мине три пати под водопадот - вели седумдесет годишниот Трајче. Посочува безброј примери кога дошле брачни парови кои немаат рожба за следната година дојдат со бебето. Имало случаи кога се раѓале и близнаци и тројки. Таков е примерот на штипјанката Аница. Иако во брак девет години немале деца, минатата година дошле, минале под водите на Црн камен а годинава тука беа со тромесечнато бебе. Беа пресреќни и презадоволни што им се остварила големата желба да добијат наследник. За да се исполни желбата на дрвјата се врзуваат машнички а во трите минувања под водата, таа треба да го намокри посетителот за да се исполни.

\"\"

Дедо Трајче посочува примери кога таа бегала од луѓе како ѓавол од крст, по што посетителите  си заминувале плачејќи бидејќи велеле дека се многу грешни. Според народното раскажување месноста Црн Камен името го добила по една црна случка која од пред 1500 години. Многу одамна тука живееле попови и при доаѓањето на освојувачите сите тие биле заклани заедно со монасите. Во приолог на ова тврдење е и фактот што стариот град Вила Зора чии тврдини сеуште стојат, е во непосредна близина на Црн Камен. Се верува дека тука имало храм каде живееле свештениците кои го опслужувале градот а кои биле жртви на непозанти напаѓачи.

Црн камен е на пет километри јужно од Велес, после манастирот Св.Димитрија сместен во пазувите на ридовите кои го сокриваат од очите на минувачите. До него води пристапка патека која е цементирана и треба добра кондиција за искачување, бидејќи е високо и тешко достапно. Овој локалитет е на картата на значајните македонски места, кои треба да се посетат и тука навратуваат и странци кои прочитале за оваа природна убавина.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »