Петар Печков
Објавено: недела, 21 јуни 2009
Во две одвоени сообраќајки, викендов во Велес тешко се повредени две лица, кои се пренесени во Ургентниот центар во Скопје. Прватга се случи на наплатната рампа кај село Новачани, во близина на Езеро Младост.
Прилепчанецот Златно Николовски ( 44 год) тешко настрада во сообраќајка откако изгубил контрола на возилото и завршил во провалија во близина на велешкото езеро Младост. Според полицијата настанот се случил во саботата попладнето околу 17 часот, кога од непознати причпини Николовски со неговото возило субару излетал до автопатот Скопје – Велс, во близина на селото Новачани, кај наплатната рампа на езеро Малдост. Тој се превртел неколку пати со автомобилот по што силно удрил во карпа. По ова возилото екплодирало, но благодарејќи на совесни и хумани возачи кои тука минувале, го извлекле Николовски од запалениот автомобил. Тој веднаш бил хоспитализиран во велешката Болница каде дежурниот хирург Филип Тодоровски констатирал изгореници од 2 и 3 степен на рацете и нозете како и повреди на глават. Поради тешка здравствена состојба во која се наоѓал повредениот тој е пренесен во Ургентниот центар во Скопје. СВР Велес заедно си стражен судија и јавен обвинител ќе ги истражува причите поради кои Николовски се истумбал со автомобилот.
Втората сообраќајка се случи во неделата наутро, кај Хотелот Вила Зора.
Поради брзо возење низ градските улици двајца млади велешани завршија во Болница, информираат од СВР Велес. Сообраќајката се случила во неделата наутро во 4,40 часот на улица Димитар Влахов во близина на Хотелот Вила Зора, кога според велешката полиција поради неприлагодување на брзината на возењето автомобилот ,,тојота карина,, силно удрила во дрворед и завршила во друг автомобил со чешки регистарски таблички. Автомобилот бил управуван од Ратко Илиев ( 30 год) кој според дежурниот хирург во велешката Болница, Филип Тодоровски, поради бројните скршеници на рацете и нозете, како и повредите на главата е пренесен во Ургентниот центар во Скопје во тешка здравствена состојба. Сопатничката во автомобилот Габриела Трајковска ( 18 год) се здобила со полесни повреди и таа е хоспитализирана во Општата Болница во Велес.

Tweet |