речник контакт

Цртежи од старата велешка архитектура, дело на велешки основци

Цртежите се изработени на работилница на Државен архив Велес а се поставени во велешка библиотека

Петар Печков

Цртежите на старата велешка архитектура, изработени од ученици од основните училишта во Велес, се поставени во Градската библиотека Гоце Делчев.

Ученците од шест основни училишта  биле дел од работилницата на Државниот архив на Велес. Нив им биле претставени слики од старата градска архитектура, од стари објекти кои веќе не постојат и истите биле нацртани. 

Цртежите ги презентираат не само градбите туку и архитектите кои ги изработувале куќите на  велешани во периодот меѓу двете светски војни како Иван Артемушкин, Николај Солонцев, Славко Гајдов и др. 

Преку своите цртежи, младите учесници имаа можност да го откријат богатото архитектонско наследство на Велес и да научат повеќе за документите што трајно се чуваат во велешкиот архив.

фото Градска библиотека 

АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »