речник контакт

Чадиев во новиот мандат старт ап бизнис центар за маркетинг преку интернет

Проект со кој ќе обезбедиме помош и поддршка на младите велешани да заработуваат на интерент

Петар Печков

Денеска сакам да промовирам и презентирам уште еден нов проект за младите луѓе од нашиот град. Проект со кој ќе обезбедиме помош и поддршка на младите велешани да заработуваат на интерент.

Нашите млади сограѓани, се покажаа пред светот дека поседуваат огромен потенцијал и вештини за работа со интернет маркетинг.

Ние го препознаваме овој потенцијал и сакаме него да го поттикнеме и правилно да го насочиме. Општината предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе им помага на сите млади велешани на правилен начин да заработуваат на интерент.

Во таа насока, во новиот мандат ќе го реализираме проектот СТАРТ АП БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА НУДЕЊЕ НА МАРКЕТИНГ УСЛУГИ ПРЕКУ ИНТЕРЕНТ. 

Овој Центар ќе овозможи правилно искористување на сопствениот потенцијал кој го поседуваат голем број наши млади сограѓани, но и нивна едукација за понатамошен развој и продлабочување на знаењата и вештините за овој вид на услуги.

За таа цел, општината ќе оствари соработка со признати експерти и интернет провајдери од земјата и странство кои работат оваа област и кои ќе овозможат стручна поддршка за функционирање на овој Центар

Со реализација на овој проект ќе понудиме правилна едукација, стекнување на знаење и вештини за започнување на сопствен бизнис и оддржување на личната егзистенција за многу млади велешани, согласно утврдените глобални стандарди и регулативи.

Нашиот фокус како политичка партија и како локална самоуправа е намалување на невработеноста во Велес и за тоа ќе посветиме посебно внимание. 

За проектот „ СТАРТ АП БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ИНТЕРЕНТ УСЛУГИ“ и за уште 148 други проекти од новата Програма -изјави Славчо Чадиев кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »