Петар Печков
Објавено: недела, 17 мај 2015
Цветот од бозел се бере овој период. Во Велес го имате на Градски, се остава да отстои некој ден додека се исуши. Потоа се чува на темно и суво место, во тегла. Се користи за повеќе болести, најмногу за кашлица, бронхитис, грип...
Клиничките истражувања во Израел покажале дека бозелот не само што го намалува ризикот од настинка и грип, туку ја намалува тежината и го скратува времетраењето на настинката и грипот. Истражувачите откриле дека пациентите кои биле болни од грип и кои земале бозел, се опоравиле два пати побрзо, отколку оние болни кои земале таблета. Научниците заклучиле дека активната материја во бозелот може да го скрати грипот за 4 дена.
Чајот од бозел се приготвува на следниот начин: еден исушен цвет се попарува со чаша жешка вода. Садот стои покриен 20 -30 минути, се процедува и се пие засладен со мед, по половина чаша три до четири пати дневно, 15 минути пред јадење.
Како чај за потење многу голема ефикасност покажува мешавината од еднакви количества цвет од бозел, липов цвет и лист од нане. Од оваа мешавина се зема една супена лажица, се залева со две чаши жешка вода, се вари 10 минути, се процедува. Чајот се пие жежок.
Поради содржината на слуз, чајот од бозел ја смирува сувата кашлица. Оттаму многу често се среќава во комбинираните билни препарати, кои се користат било како сирупи или таблети против кашлица.
Tweet |