Петар Печков
Објавено: петок, 08 март 2013
Градоначалникот на Општина Велес Горан Петров на сите припаднички на женскиот пол им го честита Меѓународниот ден на жената 8-ми Март со порака да останат доследни во својата упорност за рамноправно, балансирано учество во јавниот, општествениот и економскиот живот.
И оваа година Градоначалникот Петров средствата од Буџетот на Општина Велес наменети за обележување на 8-ми Март ги распредели на 10 жени од општината на кои средствата во овој момент им се најпотребни – самохрани мајки, многудетни мајки, стари жени и жртви на семејно насилство.
Селекцијата е извршена во соработка со Меѓуопштинскиот центар за социјална работа од Велес, а помошта е во висина од 2.000 денари за секоја жена.
Tweet |