речник контакт

Честит 18-ти роденден АРМ - 18 август

Во велешакта касарна Алексо Демниевски Бауман одбелешан денот на АРМ 18-ти август. Присутните можеа да видат и дел од вооружувањето на нашата армија.

Петар Печков

 Времињата кога се создаваше АРМ беа времиња на големи предизвици и искушенија, кога таа ја извршуваше својата историска задача. Свесни за иднината на АРМ во извршувањето на задачите пристапивме одговорно и совесно, заеднички изградивме армија која ќе ја обезбеди иднината на нашите деца како и армија која ќе и обезбеди на Македонија целосна интеграција во евро - атлантските структури.

Во 18 годишниот растеж се определивме за модерна армија, способна да одговори на предизвиците на новото време, да учествува во глобалната борба против тероризмот. Години наназад припадниците на АРМ  со својот професионален однос со учество  во меѓународни мисии ширум светот, ни го отвораа патот кон влез во толку посакуваното НАТО. Денес слободно можеме да кажеме дека претставуваме расадник на индивидуално оспособен персонал, подготвен за предизвиците на денешната иднина.

Наредниот роденден на AРМ да го прославиме како армија членка на НАТО – изјави полковник Тони Стојановски на свеченоста во велешката касарна Алексо Демниевски Бауман, по повод 18-ти август денот на АРМ.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »