речник контакт

Четворица жители на неготинско село осомничени за силување на 13 годишно девојче

На осомничените за стореното дело им се заканува затвор од најмалку 10 години

Петар Печков

Случајот според обвинителството се случил, безмалку пред една година на 14 февруари 2025 година, кога има сомнение дека  четворицата неготинци го сториле делото,   „Силување на дете кое не наполнило 15 години“,  казниво според член 188 став 3 од Кривичниот зкаоник.

Предвидената минимнална казна за ова дело е десет години а можна е и казна доживотен затвор.  ОЈО Кавадарци за осомничените лица донело наредба за  спроведување истражна постапка.

„Осомничените на 14.02.2025 година се договориле и со возило зеле 13-годишно девојче-жртва од Неготино со кое еден од осомничените претходно се познавал. Детето го однеле локација надвор од неготинското село Криволак и сите имале сексуални односи со жртвата, удирајќи ја и навредувајќи ја, по што ја вратиле во Неготино“ – информираа од ОЈО Кавадарци. 

Во текот на претходната постапка осомничените биле  обезбедени со мерки на претпазливост, а со поведувањето на истрагата јавниот обвинител побарал од судот  мерките да се заменат со ефективен притвор. Судија на претходна постапка при Основен суд Кавадарци го прифатил и им одредил по 30 дена притвор на сите четворица осомничени. 

„На 28 јануари годинава полициски службеници од ОВР Неготино, по наредба од Основното јавно обвинителство Кавадарци, лишија од слобода 40-годишник, 26-годишник, 22-годишник и 20-годишник од неготинско село, во врска со кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“ казниво по член 188 од Кривичниот законик. Тие се сомничат дека извршиле обљуба врз 13-годишна малолетничка“ – соопшти Ана Милевска Ѓорѓиевска, портпарол на СВР Велес. 

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »