Петар Печков
Објавено: понеделник, 24 јули 2017
Младите македонски кајак репрезентативци учеството на Светското првенство на диви води, го завршија првиот ден. На првенството за јуниори до 18 години и до 23 години настапија четворица учесници од Македонија, сите велешани.
Александар Златаров беше единствениот во категоријата до 23 години. Тој во К-1 слалом во првата трка беше 76-ти од 79 натпреварувачи а втора трка 36-ти од 48 учесника а возеа без 30-те најдобри.
Кај јуниорите до 18 год настапија тројца велешани како членови на репрезентацијата на Македонија. Енис Небиоски во К-1 слалом во првата трка беше 78 од 80 учесници а во втората 26 од 50-те, без 30 најдобри, Виктор Миланов во првото возење беше 49 додека во второто 30, додека Христијан Игнатов првата трка имаше време за пласман на 74 место а во втората беше 46-ти.
Во јуниорска екипна конкуренција репрезентација на Македонија во К-1 слалом во состав Небиоски, Игнатов, Миланов го зазеде 14-тото место од 19 репрезентации.
Првенството се одржа на патеката во Братислава Словачка. Некои од овие репрезентативци може да учествуваат и на Европското првенство во кајак на диви води, кое ќе се одржи на крајот од август во Хохенлинбург Австрија.
Tweet |