речник контакт

Четворица повредени во сообраќајка на трактор и возило на Пошта

Полицајката која била во вооружена придружба на возилот на ЈП Македонски пошти хоспитализирана, останатите пуштени дома. Возачот на тракторот, ќерката го спасила од прегазување

Петар Печков

 Во сообраќајна незгода помеѓу трактор и возило на Македонски пошти, четворица повредени, информираа од СВР Велес. Сообраќајката се случила денес на пладне околу 12 часот, на регионалниот пат Велес –Чашка, на излезот од селото Горно Оризари. Во тој момент  директно се удриле тракторот на кој било целото семејство  Бајровиќ  и возило ,,сеат кордоба,, сопственост на ЈП Македонски Пошти.

Повредени се четири лица, возачот на тракторот, неговата сопруга и синот, како и полицајката која била вооружена придружба на поштенското возило, кое собирало пари од околината на Велес. Возачот на автомобилот, кој бил испратен со налог, да го собере дневниот промет од поштите во Горно Оризари, Чашка, Извор и Богомила, вели дека причина е тесниот пат.

Местото каде се случи сообраќајката нема прегледност.  Наеднаш пред нас се појави трактор, и бидејќи патот е тесен а тракторот товарен со сено беше широк, немаше можност каде да избегнам па со предниот дел ме закачи неговото предното тркало – објаснува возачот. По сообраќајката било испратено друго возило на ЈП Македонски Пошти, кои ги превзело дотогаш  собраните пари. Возачот на тракторот вели дека имал среќа, бидејќи ќерката го спасила од сигурна смрт.

Се враќавме цело семејство од Клуковец, дома и колата што доаѓаше од спротивен правец не удри, возеше бргу и не можеше да сопре. Од ударот јас паднав под трактор, но среќа беше што ќерка ми скокна од приколката и го сопре тракторот. Секунда ме делеше задното тркало да мине преку мене а девојчето ми го спаси животот – вели  Неџат Бајровиќ. 

Четворицата повредени се вон животна опасност а дежурниот доктор д-р Кире Марковски  ја здржал во велешката Болница единствено полицајката, заради превентива. Жителите од селото Горно Оризари кое бори три илјади жители се жалат на немање хоризонтална и вертикална сигнализација на сообраќајницата.

Иако овој пат е регионален, поврзува две општини, две населени Горно Оризари и Чашка, не е соодветно одбележан. Нема дозволена максимална брзина, нема легнати полицајци, па низ населбата се вози како на мото трки. Во повеќе наврати од локалната власт во Велес, баравме да се постават сообраќајни знаци но ништо од тоа. Дали треба да има некоја жртва, па да се одговори на нашите барања – вели Енис Фајовиќ   секретар на МЗ во Горно Оризари.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »