речник контакт

Четврти пораз по ред за велешки ФК Борец

ФК БОРЕЦ 1919 - ФК РЕНОВА 1:4 (0:3) ФК ЛОКОМОТИВА - ФК САСА 0:0

Петар Печков

Се повеќе велешкиот прволигаш  заостанува  на табелата од Првата лига. Во 14-т- коло, нов пораз на домашен терен, овој пат од трето пласираниот тим на табелата ФК Ренова.  Гостите од Тетово рано поведоа со високи 0:3 уште во 24 минута и до крајот на натпреварот беше рутина да се задржи оваа предност.  

ФК Ренова поведе со голот на Али во 11` зголеми Селмани во 14`. Во 25` домашниот фудбалер Николовски имаше празен гол пред себе, но биеше со глава во средина и голманот на гостите одбрани а со тоа и можноста и надеж дека е можен пресврт. На 0:3 зголеми  Перез во следниот напад.   Во 64` со вториот гол на Перез тетовци имаа 0:4. Ѓоре Ѓорѓиев во финишот во 84` постигна почесен гол за 1:4 да го ублажи убедливиот пораз. По ова 14-то коло ФК Борец остана претпоследен 11-ти со само 8 бода, далеку од конкурентите за опстанок. Следниот викенд велешани гостуваат во Штип кај Брегалница која е 6-та со 22 бода.

Во 11-то коло од Втората фудбалска лига Исток во Градско ФК Локомотива одигра нерешено без голови со ФК Саса 0:0. Иако гостите атакуваат на врвот, домаќините успеаја да одземат бод, што е вкупно петти во досегашниот тек од првенството. Во следното коло ФК Локомотива игра во Виница со екипата на ФК Слога која е второпласирана. 

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »