Петар Печков
Објавено: вторник, 29 септември 2026
Манифестацијата ќе се одржи на 1 и 2 октомври, со богата програма, разновидни содржини, годинава по трет пат. Ја организира Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ од Велес, со поддршка на Градската библиотека Гоце Делчев и финансиска поддршка на Општина Велес.
Четврток е предвидена работилница на тема „сатира-афоризми“, портрет на сатиричарот Ристо Филчевски од Струмица -гостин на фестивалот и осврт на етноафоризмите во македонската афористика. Вечерта е најавена промоција на книгата афоризми „Отскочна јамка“ од Витомир Долински.
Петок вечер меѓу другите содржини е портрет на велешкиот сатиричар, Никола Бошков, кој почина минатата година, и доделување на наградите од наградниот конкурс на афоризми, на тема „вода“.
Гости на фестивалот кој е меѓународен се афористичари, сатиричари од Хрватска, БиХ, Србија, Црна Гора, Бугарија, Канада...
| Tweet |




