Петар Печков
Објавено: петок, 19 јули 2024
Секој ден се пожешко и пожешко. Ваква е состојбата со времето во Велес.
Четвртокот 18 јули, попладнето УХМР измери највисока температура во Македонија, токму во Велес, од 42,3 степени, повеќе од завчерашните 42,2 измерени во средата.
Овој температурен скок со вредности над 40 степени во сенка, е постојан од минатиот петок кога беа измерени 41,1 степен.
Метеоролозите најавуваат дека уште денес ќе имаме температури над 40 степен а од утре намалување за 2 до 3 степени.
Tweet |