Петар Печков
Објавено: вторник, 29 мај 2018
Првото авионско трeтирање против комарци годинава ќе се изврши четврток 31 мај во периодот од 5 до 6.30 часот, информираа од Општина Велес. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање, истото ќе се изврши наредниот ден, петок први јуни. .
Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с Горно Оризари.
Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.
Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.
Tweet |