речник контакт

Четврток прскање против комарци

Поради лошите временски услови денес не се одржа, новото е најавено за в четврток. Ако не врне, ќе се случи во терминот од 5 до 6,30 ч.

Петар Печков

Првото годинашно авионско тертирање против комарци  најавено за денес, понеделник е одложено за в четврток. Причина се лошите временски  услови. Новото е закажано за в четврток, 28 април  во периодот од 5 до 6,30 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 29 Април (петок) 2016 год, информираа од Општина Велес.

Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Надлежните ги предупредуваат  пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »