Петар Печков
Објавено: четврток, 27 јули 2017
Велешанецот С.П (31 год) е осуден на 4 години затвор за педофилија. Тој е прогласен за виновен во Основен суд Велс за кривичното дело ,,полов напад врз дете кое не наполнило 14 години,,.
Обвинетиот делот го сторил во неколку наврати во текот на 2013-та година, бакнувајќи, допирајќи и милувајќи го девојчето кое имало 13 години и била во подалечно крвно средство со С.П.
Тој го негирал делото. Бидејќи истото е сторено во 2013-та, казната му е изречена по тогашниот законик и изнесува 4 години, а ако се судел по новиот Кривичен закон, таа ќе биде далеку повисока.
Tweet |