Петар Печков
Објавено: вторник, 30 јуни 2026
Велес од среда 1 јули до сабота 4 јули ќе живее во звукот на народниот мелос, во традицијата на народните носии и песната на изворните песни. По 21 пат ќе се одржува Фолклорниот фестивал Велес.
Фестивалот започнува традиционално со дефилето кое среда вечер од 19 ч. тргнува од Средношколскиот ученички дом мине по улиците на Велес за да во 20,30 да биде свеченото отворање во амфитеатарот во Младински парк. Таму ќе се одржуваат сите вечери, освен во случај на дождот, кога настапите ќе бидат во спортската сала на ОУ Блаже Конески.
„Ова ќе биде еден од најмасовните фестивали. Ќе се одржува на сцената на амфитеатарот од Младински парк, во четири фестивалски вечери. Подготвивме богата програма со гости од светот, настапуваат десет странски ансамбли од осум држави. Од Македонија гости се КУД Дримкол до Вевчани и Градското аматерско друштво Браќа Гиновски од Гостивар. Свој настап ќе имаат и ансамблот Распеани Велешани и Распеани пензионери. Оставам отворена покана за сите велешани да дојдат и ги посетат сите четири вечери“ – рече Томе Јаневски, претседател на организациониот одбор на денешната прес конференција.
Освен од Велес и Македонија, има гости и од Полска, Србија, Италија, Бугарија, Мексико и за прв пат од Костарика и Албанија, од Австралија има како гости неколку друштва на македонски иселеници. Градоначалникот на Велес, Марко Колев како домаќин на манифестацијата ги повика велешани да не ја пропуштат можноста да се дружат овие денови.
„Ова се денови кога во Велес ќе се обединат различни култури и фолклор. Ансамблите од градот анимираат голем број млади поколенија од Велес. Дојдете во Младински парк да уживаме“ – порача Колев.
Организатор на фестивалот е Ансамблот Керамичар, КУД Коле Неделковски и Фолклорниот фестивал Вила Зора. Општина Велес го финансира фестивалот со еден милион денари а Министерството за култура со 456 илјади денари. Но им и бројни помагатели од повеќе компании од градот.
| Tweet |




