речник контакт

Четири дена кога во Велес имаше високи температури, имаше и висока загаденост на воздухот

Научните истражувања покажуваат дека зголеменото UV зрачење влијае на загадувањето на воздухот

Петар Печков

Четири дена во воздухот во Велес беа измерени високи вредности на ПМ10 честички, над граничната вредност од 50 мг/м3. Тие се движеа 69,16 на 20 јуни, 82,14 на 21 јуни, 65,61 на 22 јуни и вчера недела 23 јуни 52,79 мг/м3. Ваквите вредности се совпаѓаат со високите температури на воздухот измерени во Велес, кои достигнаа и до 40,1 степен во 17 ч. на 21 јуни.

Слична е состојбата и со останатите градови во Македонија, кога во овој период на високи температури, има забележано високи вредности на ПМ10 честички.  Измерените вредности се од апаратите на Министерството за животна средина. Во Велес тој е лоциран во дворот од градинката во населба Тунел. 

Научните истражувања покажуваат дека   зголемено UV зрачење, просутно изминатеи денови,  влијае на згадувањето на воздухот

Таква беше состојбата и на  12 и 13 јуни се измерени високи вредности на ПМ10 честички од 56,2  мг/м3 и  59,5 мг на м3.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »