Петар Печков
Објавено: вторник, 10 ноември 2026
Скопјанецот Ф.М. (38 год) доби 4 и пол години затвор за дистрибуција на 65 кг. марихуана. Тој го признал делото, по што е прогласен за виновен за „,неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.
„Првообвинетиот Ф.Н. од Скопје, на главна расправа признал вина, па постапката спрема него е завршена така што е донесена неправосилна пресуда врз осноава на признание на вина. Осуден е на казна затвор во траење од 4 години и 6 месеци во која казна му се засметува и времето поминато во притвор, притворот му е продолжен до започнување со издржување на казна односно до правосилност на пресуда“ – соопшти судијката Сања Велевска, портпарол на Основен суд Велес.
Постапката е започната против двајца обвинети Ф.Н од Скопје и Ј.М од село Марена Кавадарци, кој бил возач во автомобилот каде е пронајдена дрогата. Тој не сопрел кога полициајта го запирала и побегнал. Постапката е завршена само за еден од обвинетите Ф.Н. а дрогата во вкупна количина од 65.038,80 грама е одземена и по правосилноста ќе биде уништена, одземено е и возилото со кое дрогата се пренесувала.
Второ обвинетиот Ј.М. не го признал делото, па за него е раздвоена постапката, заведена под нов број по кој има закажано главна расправа. Мерките на претпазливост определени од судија на претходна постапка спрема второобвинетиот Ј.М се продолжени и се уште се во сила.
Двајцата обвиенти беа уапсени пролетва на 3 април во вечерните часови на наплатна рампа Стоби, на автопатот Велес – Градско. Тие биле сопрени од полициски службеници, но продолжиле да возат за да бидат стопирани од САЕ „Тигри“. Во автомобилот марка „сеат алтеа“ со скопски регистарски таблички беше пронајдена марихуаната.
| Tweet |




