Петар Печков
Објавено: среда, 22 април 2020
Четири лица во текот на вчерашниот полициски час, биле откриени по улиците на Велес, информираа од СВР Велес.
Во текот на изминатото деноноќие,21/22.04.2020 година,на забраната за движење не ја почитувале четири лица, и тоа, сите во Велес. Тие се приведени и лишени од слобода - информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Во овој период на oсум лица им се издадени Решенија за изолација, сите осум се во Велес, а едно лице потпишало Изјави за самоизолација. Вкупно со Решение во изолација има 46 а со Изјава за самоизолација има 59 во Велес.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што не се регистрирани лица кои не ги почитувале овие мерки.
Tweet |