Петар Печков
Објавено: четврток, 16 април 2020
Од Центарот за Јавно здравје Велес информираат дека изминатите 24 часа се регистрирани четири нови случаи на Ковид-19 на територијата на град Велес.
Се работи за една жена на 65 годишна возраст и тројца мажи на 37, 40 и 57 години. Еден од потврдените пациенти е тестиран во лабораторијата во Авицена, а останатите тројцата во микробиолошката лабораторија при Институтот за јавно здравје - соопштија од Центарот.
Така бројката на вкупно заболени од корона вирусот во Велес стигна до 40 лица.
Tweet |