речник контакт

Четири нови случи со ковид-19 во Велес, двајца оздравени

Сите четири случаи се заразени од домашни блиски, од членови на семејството

Петар Печков

Во текот на вчерашниот ден во велешко има регистрирано четири  ново заразени со ковид-19 а две лица се водат како оздравени. Со ова вкупната бројка на активни случаи во велешко е 29 лица, досега 110 лица оздравеле.

Сите нови четири случаи се заразени од членови на семејството, од познати лица.  Има две лица оздравени, пуштени дома од Инфективно одделение, биле на два последователни теста од земени брисеви негативни  - информираа од Центарот за јавно здравје Велес. 

Од Велешка Болница соопштија дека на Инфективно одделение има 11 пациенти, двајца во текот на денот се пуштени дома како оздравени а едно лице, вчера попладне поради влошување на здравствената состојба е префрлено на Инфективна клиника во Скопје. Три други лица, со корона вирусот се во ГОБ  8-ми септември, едно повратник од Англија е во државен карантин во Скопје а 14 лица се во домашен каратнин. 

Во државен карантин низ земјава се вкупно 10 велешани, повратници од странство, македонски државјани. Тие не се позитивни на ковид-19. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »