речник контакт

Четири пожари за 12 часа кај село Клуковец

Сите биле локализирани

Петар Печков

Велешките пожарникари за половина ден, четири пати биле повикани да интервенираат на пожари, кои се случили во околината на село Клуковец, информираа од велешката пожарна.  Сите пожари биле локализирани а горела сува трева и ниско стеблести дрвја. Првиот бил пријавен вчеравечер.

„На ден 22.07.2025 во 21:37 примена е дојава за запалено стрниште помеѓу селата Оризари и Клуковец. Територијалната Против Пожарна Единица Велес излезе на лице место со едно против пожарно возило и четворица пожарникари спасители. По пристигнување на лице несто пожарот е изгаснат благодарение на брзата интервенција пожарот имаше зафатено само 2 декари и истиот е изгаснат“  - информираа од ТППЕ Велес. 

На 6 јули  годинава  имаше  пожар во блок помеѓу селата Оризари и Клуковец, кој зафати површина од 30 хектари.

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »