Петар Печков
Објавено: понеделник, 10 август 2020
Центарот за јавно здравје Велес информираше дека денес се регистрирани четири ново заразени со ковид-19, нема ниту еден оздравен. Во Велес има 27 активни, 238 досега заразени, 13 починати и 198 досега оздравени.
Тројца од новите случаи со ковид-19 имаат член од семејството кој е позитивен и така се заразиле но меѓусебно не се поврзани. Сите тие се на домашно лекување, две се жени и еден е маж. Четвртиот е маж кој не може да прецизира од каде се заразил, со кое лице имал контакти а било со корона вирус. Ова лице беше сместено на Инфективно одделение и таму ги дочека резултатите од земениот брис - изјавија од Центарот за јавно здравје Велес.
На Инфективно одделение има 17 пациенти, од нив 16 се потврдено позитивни и за еден се чекаат резултати.
Tweet |