речник контакт

Четири уапсени лица на Пашин мост, истрага и притвор за две лица за поседување 2 кг марихуана

Во автомобилот биле пронајдени 1917 грама марихуана

Петар Печков

Од завчера уапсените четири лица на Пашин мост, две лица добиле притвор И.М. ( 47 год) од Струмица и кочанчанката Х.М. (37 год).  Поради основано сомнение дека сториле кривично дело –  „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги“од член 215 став 1 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Велес донело Наредба за спроведување истражна постапка против две лица.

„На 26 јули, осомничениот 47-годишен жител на струмичкото село Банско договорил со пријател да го превезе до Кочани. Додека сведокот го чекал на бензинска пумпа, осомничениот отишол на локација каде знаел дека биле оставени 908,8 грама наркотична дрога – марихуана, ги зел и ги предал на осомничената 37-годишна жителка на Кочани. Таа требало со автомобил да ја пренесе дрогата кон селото Ореше, но ја запреле полициски службеници од СВР Велес. При претрес на возилото била пронајдена преземената марихуана, но и уште едно пакување од 1.008,4 грама, скриено во „бункер“ на подот зад возачкото седиште во автомобилот“ - соопштија од ОЈО Велес.

Во акцијата беа уапсени уште две лица едно од Ореше и друго од Богомила, но засега против нив нема истрага.

Бидејќи постоеле  околности кои укажуваат на опасност од бегство и можност осомничените да го повторат делото, јавниот обвинител до Основниот суд во Велес достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени а судија во претходна постапка им одредил притвор од 30 дена на И.М. од Струмица и Х.М. од Кочани.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »