Петар Печков
Објавено: петок, 08 мај 2026
Шведскиот амбасадор Ола Сулстром беше во Велес во неформална посета, дел од неговата „Амбасада на турнеја“. Ја посети конфекцијата на Крзнарата АД Димко Митрев, која е во доминантна сопственост на шведски стопанственици.
„Разговаравме за производството, идните планови и големите инвестиции во позелено производство“ – соопшти Сулстром.
Во Европската куќа во Велес имал средба со членовите на Здружението за церебрална парализа и други попречености од Велес, при шти ја истакнал важноста на пристапноста, инклузијата и активното граѓанско општество.
За време на ручекот, пробал велешка пастрмалија, вкусен локален специјалитет како што го опиша тој, и разменил мислења со Гордан Јорданов од Обединетата Македонска дијаспора за нејзината важна улога во зајакнување на трговијата и инвестициите.
| Tweet |









