речник контакт

Швеѓанка пријавила во Битола, дека ја силувал велешанец во ноќен клуб во Охрид

Велешанецот на 33 годишна возраст бил уапсен од охридската полиција

Петар Печков

Девојка од Шведска пријавила во битолската полиција дека велешанeц ја силувал ноќта помеѓу саботата и неделата во ноќен клуб во Охрид. Деталите од информацијата на МВР.

„На 10.8.2026 година во 18:30 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода К.С.(33 год) од Велес поради основано сомнение за сторено кривично дело Силување.  Претходно, во 14.35 часот во СВР Битола, 21-годишна девојка од Шведска пријави дека ноќта на 8/9. август годинава во ноќен клуб во Охрид тој извршил обљуба врз неа. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“-  соопшти полицијата.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно документирање и расчистување на случајот, против пријавениот  33-годишен велешанец ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.

АНКЕТА »

Дали ВАР системот на последното СП во фудбал влијаеше на резултатите од одредени натпревари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »