Петар Печков
Објавено: петок, 10 октомври 2014
За потребите на снимањето на филмот „Ослободување на Скопје“ во режија на Раде Шербеџија, ќе се одржат отворени аудиции за статисти од сите возрасти.
Филмот ќе започне со снимање на 31 октомври на повеќе локации низ Македонија.
Аудицијатаво Велес е на 18 октомври од 12:00-20:00 часот во просториите на НУЦК Театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ ВЕЛЕС ( стар театар)
Филмот се снима според драмскиот текст на Душан Јовановиќ, на македонски јазик, а предвидени се снимања до крајот на ноември во Битола и во околината на Велес.
Шербеџија, покрај тоа што ќе режира, и ќе глуми во „Ослободување на Скопје“, а партнерка ќе му биде Силвија Стојановска. Според најавите, во филмот ќе бидат вклучени голем број филмски работници, млади и актери од повозрасната генерација. Сценограф ќе биде Иван Бартлинг, а директор на фотографија ќе биде Дејан Димевски. Музиката е на Влатко Стефановски
Tweet |