речник контакт

Шеснаесет средношколци во крводарителска акција, денес даруваа крв

За 11 месеци во велешко се собрани 3.059 крвни единици

Петар Печков

Водејќи се од идејата за помош на јавното здравје, за надополнување на резервите со крвни единици и за одржување на долгогодишната традиција, Општинскиот  Црвен крст на  Велес заедно со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, денеска организираа крводарителска акција наменета за средношколци.

На акцијата даруваа 16  млади дарители, од кои 10-мина тоа го направија по прв пат. Во период на ковид-пандемија овие ученици покажаа голема хуманост - велат од ОО на Црвен крст Велес.

Крводарителската акција  се одржа во спортската сала која заеднички ја користат ССОУ „Димитрија Чуповски“ и Гимназија „Кочо Рацин“.

Заклучно со месец ноември, во велешко, заедно со општините Градско и Чашка собрани се 3.059 кривни единици  а планот е 1.861 крвна единица. Или е натфрлен и во овие ковид-услови.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »