Петар Печков
Објавено: среда, 26 јуни 2019
Вторнично сообраќајната полиција контролирала колку возачите имаат технички исправни возила, но и дали имаат исправни возачки дозволи.
За пет часа во Велес, колку што време траела контролата, биле констатирани шест неправилности а исто толку возачи биле казнети.
Вторник на 25-ти јуни во времето од 8 до 13 часот полициски службеници од СВР Велес извршија контрола на возачите и возилата учесници во сообраќајот, при што, е изречена 21 казна, од кои во Велес – шест, Кавадарци – девет и Неготино - шест казни на неисправните учесници во сообраќајот - изјавија од СВР Велес.
Tweet |