речник контакт

Шест дена по ред високи концентрации на ПМ 10, краткотрајни мерки против загадувањето засега нема

Во неделата се измерени 175 мг на м3 на ПМ 10 честички, што е за три и пол пати повеќе од дозволената вредност

Петар Печков

Шест дена по ред велешани дишат загаден воздух а од 26 дена во јануари, 19 биле со повисоки вредности на ПМ 10 честички. Ова го покажуваат резултатите на мерното место  Велес 2, од инструментите на Министерството за животна средина.

Вчера, недела биле измерени највисоките 175 мг на м3 а дозволена вредност е 50 мг на м3. Овие денови и часовните  вредности на јаглен моноксид  во Велес биле во одредени моменти високи.  

Да потсетиме дека постои  праг на информирање и праг на алармирање. Првиот  е доколку има пет последователни денови со повисоки вредности од граничните  50 мг на м3 а алармантно ако 10 последователни денови има загадување од 100 мг на м3.

Во првиот случај  се информира јавноста и се предлагаат краткорочни мерки што треба да се преземат, доколку е алармантно треба да се преземат и спроведат  мерки од локалната власт против  загадувањето. Последен пат вакви краткорочни мерки, поради високиот степен на загаденост локалната власт донесе во декември 2017-та.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »