речник контакт

Шест екипи и поединци од Велес победници на Плазма спортските игри, се пласираа за Сплит (фото)

Кој се победи и освои медалји од учениците од основните училишта од Велес, на завршниот натпревар во Скопје

Петар Печков

Шест велешки екипи и поединци, сите деца, ученици основци, како победници на државниот натпревар на ПЛАЗМА спортските игри ќе учествуваат во Сплит, Хрватска на завршницата. Завршниот турнир за Македонија се одржа во Кисела вода –Скопје, каде учествуваа победниците од регионалните натпревари. 

Победниците се пласираа меѓу најдобрите на Балканот и од 17 до 22 август годинава ќе учествуваат на завршницата,  финалето кое ќе се одржи во Сплит, Хрватска. Таму  ќе имаат можност да се натпреваруваат со победниците  од Хрватска, Србија, Словенија и Босна и Херцеговина.

Ова се носителите на медалји се: 

ОУ „Кирил и Методиј“
прво место одбојка на песок машки 
прво место ракомет машки 
второ место одбојка на песок женски 

ОУ „Блаже Конески“
прво место атлетика 2015 родени Марија Кирова
прво место народна топка 2017 родени
трето место пинг-понг Стефан Тодоровски

ОУ „Панко Брашнаров“
прво место тенис Марија Прпева
прво место атлетика 2015 родени  – Дамјан Петрушевски

ОУ „Васил Главинов“
трето место одбојка женски 

 Игрите беа организирани од Сојузот на училиштен спорт

АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »