Петар Печков
Објавено: вторник, 09 март 2010
На ден 08- ми март на подрачјето на Велес случени се шест сообраќајни незгоди од кои две во градот и четири надвор од градот односно една на автопатот Велес-Скопје, две на автопатот Велес-Неготино и една на регионалниот пат Велес-Штип, информираше велешката полиција.
Причини за настанатите сообраќајни незгоди се неприлогадена брзина спрема условите на патот и недржење растојание помеѓу возилата.Во сообраќајните незгоди повредени се вкупно четири лица кои веднаш се пренесени во Медицински центар Велес заради укажување лекарска помош.
Со оглед на временските услови во изминативе неколку дена, но и највите за снег за наредните денови, Секторот за внатрешни работи Велес апелира до граѓаните :
доколку немаат потреба да не ги користат патничките автомобили, се со цел избегнување на несакани последици;
да ја прилагодат брзината на движење на возилата спрема условите на патот;
да го држат потребното растојание меѓу возилата со цел навремено превземање дејствија;
да не ги прскаат пешаците кога се движат по влажниот коловоз;
воедно ги потсетуваме граѓаните и на нивната обврска за чистење на снегот како што е предвидено во член 22 став 2 од Законот за јавна чистота:
,,Во зимски услови при снежни врнежи сите сопственици, односно корисници на објекти се должни веднаш да започнат со чистење на снегот на отворените простори пред јавните објекти, со што ќе се обезбеди непречен пристап до објектите. ,,
Tweet |