речник контакт

Шест трактори смет од Велигденското чистење на Дервенскиот поток

И покрај тоа што лани просторот беше 14 пати чистен, дел од граѓаните бргу создаваат депонии од смет

Петар Печков

РЕ Комунална хигиена при ЈКП Дервен деновиве завршија со чистење на Дервенскиот поток од насобран смет и отпадоци и наноси од земја. Собрани беа 6 трактори со смет и земја и истите беа транспортирани до градските депонии. 

Минатата година каналите кај „Потокот“ се чистеа  вкупно14 пати, 4 пати согласно Програмата за одржување на јавната чистота на Општина Велес,  4 пати вонредно и уште 6 пати по иницијатива на РЕ Комунална хигиена.

Поради зачестеното загадување на каналите со смет од домаќинствата, во 2014 година редовното чистење на каналите ќе се врши 6 пати во годината, како и вонредно по потреба.

Апелираме до граѓаните да не го фрлаат сметот од домаќинствата во каналот и да го изнесуваат сметот во утврдените термини за тоа. Од  улиците Вера Циривири и Нада Бутникошарова  сметот се собира 2 пати неделно со трактор, колку што се собира и од целиот град и руралните средини – велат од ЈКП Дервен. 

Од таму најавуваат дека следно чистење на Дервенскиот поток ќе се изврши кон крајот на месец април, во согласност со Програмата за одржување на јавната чистота на територијата на општина Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »