речник контакт

Шкендија се попишмани, не игра во Велес

Причина, не сакаат без нивните навивачи, како што бара ФФМ

Петар Печков

Најавите дека оваа пролет  фудбалскиот прволигаш Шкендија  од Тетово , нејзините  натпревари ќе ги игра во Велес, пропаднаа.  Управата на тетовци се предомисли, откако ФФМ им наложил да не присуствува организирано, нивната навивачка група, по што Шкендија решила да игра во Кичево, каде настапуваше и есенва.

Тетовци како вовед минатата недела на Градски одиграа контролен натпревар со екипата на Влазерими од Кичево.  Причина што Фудбалската Федерација не дозволува во Велес да доаѓаат организирани навивачки групи е што на стадионот не  постојат услови за нивно одвоено следење на натпреварот, туку треба да бидат заедно со останатите присутни.

Ова доаѓа по ланскиот инцидент, кога  Вардаровите навивачи предизвикаа сериозен инцидент.  Така останува можноста единствено скопски работнички во вториот дел од првенството да настапи на Градски во Велес, бидејќи тој нема  организирана навивачка група.

 Причина што одделени прволигаши сакаат да играат на Градски в о Велес е теренот и вештачката трева,  поради што има добри  услови за фудбал, додека на останатите стадиони теренот е во лоша состојба.     

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »